огледа (гл.) - во (предл.)

Ди-џејот: Сега ќе ги слушнете Фјучр Саунд оф Ландн кои оваа година...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Овој глас не е за радио, Лобо. (Се огледува во огледалце) Овој глас единствено може да известува во кои драгстори се продаваат свински паштети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дали Симона навистина го поттикнуваат алтруистички мотиви или е тоа исклучиво користољубието и дали е тоа предизвикано од егоистичната потреба за признание или за стекнување на политички поени, или е тоа желба за моќ, страв од смртта којшто се огледа во потребата зад себе да остави нешто материјално, бунар или водовод, наместо споменик?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од тоа време датира и легендата која раскажува дека меѓу планините на југ од Марица живеела многу убава девојка Родопа, која често слегнувала на брегот на реката за да се огледува во неа и да се воодушевува на својата убавина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сумата е конечна и треба да се исплати во повеќе рати заклучно со 15.12.1942”, пресечува Мартен, се огледува во Мајснер и продолжува со посмирен тон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Двете и пол милијарди ќе бидат реално положени. Има начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Насмевката при допирот на ѕвездите се огледува во големиот извор и задолжително се слика за првата серија насмеани поштенски марки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Боб: Зошто? Господинот е самиот со себе, се огледа во сопствената слика.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Густо збиените на ридот куќи како да се креваа на прсти и се надвишуваа една над друга: секоја сакаше да се огледа во утринското огледало на езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но срната нема да се огледа во реката црвена на молњата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Зошто не и тишина Зошто не и праг Што води во домот Слично на скали Што треба да нѐ одведат до прозорецот на душата Минуваме низ запален снег Во сончево јануарско утро Белината е кладенец Црешовите цветови Доаѓаат да се огледаат во него (Аџилак на нежноста.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дали затоа, или заради старото предание кое вели дека огледалото се скаменува кога оној што умира се огледува во него за последен пат, па засекогаш ја чува таа последна слика и веќе никој друг не може да се огледа во таквото скаменето огледало, дали велам, заради тоа предание, не знам, но одеднаш огледалото самото од себе се сви и следниот миг – распука.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И одеднаш, таа се поткрена од постелата, се исправи во половината и се огледа во огледалото царско што стоеше на ѕидот спроти одарот нејзин. Се огледа, се насмевна и – умре.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Запрепастената и изнамачена урнебесност со која машката геј-култура ја гледа таа глетка укажува колку јасно ја восприема свирепата бесмисленост на сопствената состојба која се огледува во неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во потрага по човекот Материјалниот свет се огледува во огледалото на духовниот свет – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Твоето внатрешно око се огледува во твојата душа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога наутро се миела, ги затворала очите да не би, случајно, да се огледа во некоја капка, во некое вирче, во некое браздиче.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Успехот ѝ се огледа во наведувањето на театарската критика своите забелешки да ги пишува без зборови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Воопшто не ни е важно дали актерот го знае методот на Меерхолд, познат како биомеханика, методот на Брехт што се огледа во подготовката на актерот за епскиот театар, визијата на Гротовски за театарот како уметност на актерот, антропологиските истражувања на Барба, обидите на Брук да го направи невидливото видливо и тоа преку актерот...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бесот на говорителката од скалите пред Националниот театар најмногу се огледал во реченицата: „Лувр е гробницата на бугарското кино!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нејзиното искуство ѝ кажуваше дека родителската врска исконски останува нераскинлива. ѝ беше сосема јасно дека еден ден нејзината внука, без разлика на далечината и времето, ќе посака повторно да го почувствува тој мирис и да се огледа во неговите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секако ѝ било смешно или одвратно да се огледува во голите полжави за кои акробатот се колнел дека се очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дрвената рамка му беше стара, распадната, тоа на повеќе места олупено и прошарано со темни бемки како бемките на снагата од Богуле, но сепак и понатаму можеше човек да се огледа во него и тоа цел од нозете до главата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се слече и тој и обајцата почнаа да се огледуваат во огледало. Се гледаа и трепереа од возбуда, од треска.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кадијата стана, ги позасука своите мустаќи, си ја помазни брадата, ја направи да не му е многу испупчен грбот, пак се огледа во огледалото, и излезе од одајата, та се најде во харемот свој кој горе-долу вака изгледаше: ...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Знам, се насмеа црниот човек треба да лежи распаран на прашлив друм, гаврани да се огледуваат во стаклата на неговите очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Единствено небото кое се пружа мадро не само над мене ја знае вистината: немоќно да се огледа во водите на земјава снагата да си ја опфати и ликата своја чекорот си го продолжува потаму во безсознание надоврзувајќи се на себеси без крај надоврзувајќи се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Небото, сино и длабоко, се огледува во нивните зеници.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во тоа лежи строго филмскиот и строго хичкоковски пристап: несреќата се огледува во обличјето на оној или онаа кој е нејзината причина или нејзина содржина.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Две напоредни „граматики“ во кои нештата се разликуваат меѓу себе по начинот на кој, платоновски речено, се огледуваат во огледалото на говорот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Две напоредни ‘граматики’ во кои нештата се разликуваат меѓу себе од начинот на кој, платоновски речено, се огледуваат во огледалото на говорот“ („Хаику во Скопје“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, „радоста на живеењето“!... во неа тој ужива од најраното детство досега, а кога баш не му оди од рака, уште повеќе ја наоѓа во луѓето и случувањата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Продолжив да се допишуваме: со Џим прилично ретко, со Димитар – често.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Огледалото исто така беше бетонско, па затоа на Г му беше мошне тешко да се огледа во него.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Го мразев и небото што навечер се огледува во вирчето.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Трагав по одиграната следна катастрофа на социјалното во геологијата, во тоа извртување на длабочината што се огледува во избраздените простори, во релјефите од сол и камен, во кањоните во кои понира фосилната река, во неизмерно старата бавност на ерозијата и геологијата, сѐ до вертикалноста на мегалополисот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)