Прво, додадена е дополнителна обврска тој да го замени постојниот технолошки процес со понеопасен, односно побезбеден процес и, вто- ро, овозможен му е избор или со колективен договор да го обезбеди остварувањето на правото на работниците, непосредно или преку свој претставник, да учествуваат во утврдувањето и во подобрувањето на условите за работа и на работната средина – или, да користи надво- решни услуги од специјализирани стручни организации за заштита при работа или лица (чл. 2). 134 Промени има и кај актот на работодавачот со кој се уредуваат од- носите, правата, обврските и одговорноста во заштитата при работа во работната средина.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)