објасни (гл.) - причина (имн.)

Ги објаснува причините за преземањето на власта, најавува нова ера за Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидуваше на најпрост начин да ми ги објасни причините за нивното постоење, но потоа мораше да ми го растолкува главното прашање за постоењето на Бога, во тие матни времиња на полу-атеизација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Само таа беше во состојба да ми ја објасни причината за неговата изненадна растревоженост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со години настојував да ги објаснам причините за оваа болна игра.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)