Ден на детските права Ги повикувам сите микрофони и телевизиски камери со нив, на спикерите збор им давам да објават дека овој ден е ден на детските права.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Најпосле Партијата можеби ќе објави дека два и два се пет и ти ќе мора да веруваш во тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Камилски дури и го спомна податокот дека Друштвото по лингвистика во Париз во 1865 години на членовите им објавува дека нема да прифаќа на разгледување никаков труд кој би се однесувал на потеклото на јазиците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Објавив дека ќе бидам храбра и ќе успеам да работам друга работа, најмногу заради поголеми примања, барем така се убедив себеси.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Со Гистав Ле Бон психологијата објавува дека “животот на еден народ, неговите институции, верувањата и уметноста се само видливата подлога за неговата невидлива душа”, и дека “секој народ поседува ментално устројство подеднакво постојано како и неговите анатомски особини”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Истиот тој ден, дваесетти август, Вангел оздола објави дека земјата менува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Откако ќе заклучи дека конците на претставата веќе се во твоите раце, објавува дека трката по признанија може да почне...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Претседателот објавил дека претресот е отворен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кога Влаинката ја соопшти нажалено веста дека сепак не успеала да најде ни млеко, ни бибер, иако имала богати комшии, Марин Крусиќ извади некакво кесе со темно-кафени зрна од торбата и, со кралско движење на голем занесеник, објави дека им носи кафе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Даут-паша објавил дека го затвора амамот, наместо да лелека врз потрошените пари. Зошто?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во сето тоа наоѓајќи и дел виновност кај селаните од под црногоричината планина и предизвикани од нивното одбивање да ја признаат врската со Селџик-бег, неколцина Турци го подбуцнале ненаспаниот Али-бег да објави дека ќе го покачи уемот во својата воденица и да разгласи дека ќе биде убиен секој што ќе се обиде да стави камен врз камен за идна и независна воденица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од тој ден уште повеќе се немтуросал, се замислил, и тој како и Селџик-бег бил смирен објаснувач на Коранот: Алах нѐ создал сите, само тој може да нѐ успокои.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се занишал, застанал, чиниш му било речено да го дочека без вртење ударот на тешкиот кундак што му паднал врз теме.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште еден таков удар од полн замав пак по голото теме, колку неразбирлив толку и ненужен, и Орлен Шумков со споулавеност во шашливите очи и наведнат над последниот труп можел да објави дека на дружината ѝ е отворен патот кон нови ужаси и кобнички претчувства за невидени зла на копучкиот никаков живот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наставникот по фискултура објави дека ќе има натпревари.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тоа го помислив и она утро, кога влезе овде во одајава и без некој нешто да го праша едноставно објави дека оној Голем Тодор, за кого ништо не се знаеше со години, се вратил; дека сега станал и ѕвездочатец.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури утредента, братучедот на татко ми, Илјо, објави дека му се вратила свршеницата, истата онаа Дафе која со години му пишуваше од Ташкент.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Наеднаш, и самата изненадена, се свртува кон нас и објавува дека деновиве била прилично вознемирена бидејќи поверувала дека пролетва нема да се појави оној чифт желки во нашиот двор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ми дојде дури онака, да вреснам, за да му објавам дека и јас сум во собата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Надлежните власти објавуваат дека точно напладне портретот на плоштадот се предава во рацете на народот, така што тие можат да учествуваат во уништувањето на ...“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)