објави (гл.) - пресуда (имн.)

Во јуни 2010, после одржани вкупно шест рочишта, истата судијка ја донесе и објави пресудата со која го уважи и ова тужбено барање и го задолжи туженото претпријатие да го исплати главното побарување на Н.Н., кое беше во вкупна вредност од 460.811 МКД (7.555 ЕУР) и тоа 346.983 МКД за неисплатени плати и 113.828 МКД за неуплатени придонеси кон ФПИОМ, зголемено за законската казнена камата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во посложените предмети судот може да го одложи донесувањето на пресудата за осум дена од денот на заклучувањето на главната расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во одговорот на тужбата, полномошникот на „Водостопанство во стечај“ наведе дека тужбата е преуранета и дека овие свои побарувања требало да ги пријават во ликвидационата постапка, која сѐ уште трае.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тој рок судот е должен да одржи рочиште на кое ќе ја објави пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)