Патролите, меѓутоа, не се појавија, а додека пешачеше од станицата претпазливо обѕрнувајќи се, се увери дека никој не го следи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со коса што му паѓаше над обраснатото лице, во стара парталава бунда од која рацете му ѕиркаат како две полурѓосани лопати, плашливо реагирајќи на секој посилен шум, во очите на Градот припаѓаше на онаа група питачи што се прикрадуваат до кантите за ѓубре и претураат по нив, обѕрнувајќи се како гладни пци.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Народот се развреви и застана, обѕрнувајќи се да види од каде доаѓа пукањето и затоа сандакот со носачите се издели напред, останувајќи сам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тоа е веќе едно ново време, време кога и конференциите и Месната и Тацко Настејчин и малите селски агитатори наеднаш како да потемнеле, заостанале зад животот кој навлегол во нови колотечини, кога виталниот сој на жителите на Пасквел започнува масовно да ја напушта долината, не обѕрнувајќи се на минатото и итајќи кон својата иднина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)