Само понекогаш, кога ќе застанеше да здивне, тој можеше да се обѕрне назад и долго да се загледува во ситната пробиеност на својата трага, а во неговиот матен поглед, со нешто речиси лудечко од напонот во себе, се појавуваше и една самозадоволна насмевка, просто како во дирата по него да беше собрано сѐ, што би можело да го израдува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
За да не предизвикаат некакво сомнение, ниту Бајракот, ниту Ѓро се обѕрна назад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стојан ја понесе како мало дете и излезе низ вратата, a no него другите осум души, без да се обѕрнат назад да видат што стана со кадијата, Сефедина, Ајша и каданите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Нагоре по косиот стрмен пат се искачува Едо и повремено се обѕрнува назад зашто тој ја исчекува Су да му се приближи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во тоа време околу камењето се врткаше мариовец и ги разгледуваше двата камења, еден горни, еден долни и потскришум ги гледаше двајцата како си даваа ишарет; но не му дадоа никакво значение.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)