Акакиј Акакиевич навреме ја беше почувствувал задолжителната бојазливост, малку се збуни и, како што можеше, колку што му дозволуваше слободата на јазикот, разјасни, со уште почесто додавање на зборчето „онака“ отколку другипати, дека шинелот бил сосема нов, и дека сега е ограбен на најнечовечен начин, и дека му се обраќа нему, за да се заложи на некој начин онака, да му напише на господинот полициски врховен началник или на некој друг и да го пронајде шинелот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Втора слика:
Изземена и сама
со ишмукан страв се одлучувам
без предрасуди да му се обратам
нему цел живот што го имам одозгора
тоа сум јас, му велам
мојот прв израз
му давам интимен знак
со порозни простори во говорот
небото ми одговара и ги пушта на повидок
своите начичкани светлости, своите рани
зашто, обата без сон
полноќе најдобро си ја поимаме
судбината да не се допираме.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
За ова би требало прво да поднесете молба во канцеларијата; таа би стигнала до шефот на одделението, до началникот на одделението, потоа би била предадена на секретарот, а секретарот веќе би ми ја доставил мене...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Исто така, по нашиот неодамнешен разговор му дал инструкции на Темпо и барал командантите да НЕ повторувам НЕ се обраќаат кон Грција или кон македонското прашање без претходно да му се обратат нему“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)