обликува (гл.) - и (сврз.)

Некоја длабока свест за цената на сериозното сфаќање на љубовта, за тиранијата на неиронизираните или трагични романтични улоги, се можеби она што ја обликува и ја објаснува восхитеноста на машката геј-култура од мелодраматичната изведба на Џоан Крафорд на мајчините згрозеност и пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби затоа што копањето напредуваше, мојата велика замисла се обликуваше и можеше, кај да е, да се очекува да се појави водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мислите во главата ми се редат како бескрајна низа и секоја од јасно појасно обликувана и изречена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ех, што можев да кажам! Мојата идеја се обликуваше и јас брзав напред со заокружувањето на моето дело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нацијата е онаа што обликува и владее”, вели фашистот Хајнц (Sprengstoff).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)