облече (гл.) - нов (прид.)

А каква е радоста на деца од шест седум години кога на Велигден ќе облечат нова кошула навезена од самите нив, тоа го знаат само тие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ангеле ја облече новата облека, но кога требаше да се раздели од своето бело кошулче и танките гаќиња, душата му се натажи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не знам дали поради нејзе или поради себе, сепак, го облеков новиот костим за капење и ги сложив колку-толку со марамата и пешкирот, па со децата се спуштив по камењата на влечки на плута за да добијам на висина, а со тоа и на виткост.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)