Го заклучи дуќанот, доби благослов од мајка му, ја облече униформата, ја натна војничката шајкача на глава и замина на границата кон Унгарија. На 6 април германските бомбардери го надлетаа Белград и почнаа да ги бомбардираат најзначајните згради.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
После што облековте униформи без противење како да бевте тргнати да ја барате српската војска.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И нему прво Албанците, а потоа Италијанците му облекле униформи и го пратиле да се бори за татковината.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И додека по крајот на бомбардирањето луѓето трчаа како муви без глава на сите страни, не знаејќи што да преземат, таткото на Алегра стоеше како закопан в место и гледаше во синагогата од која остана куп урнатини и се креваше облак од прав што го препокриваше човекот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)