Ме обзеде жал, гнев и јарост, но со ништо не можев да помогнам и требаше да го испијам отровот до дното од чашата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Дента кога Трајан отиде да го види Висара, татко му од Висар не беше дома; го најде Висара кај што гледа низ прозорецот со насолзени очи; Трајана го обзеде жал и го грабна Висара за раце: Ајде со мене, му рече, ајде да прошетаме по езерото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога ги гледаш, те обзема жал во душата, помислуваш свршено е со нив, ги бројат последните денови.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)