Климент Камилски, сакајќи на посебен начин да ја означи последната средба, дојде уште рано во нашата куќа, носејќи го свечениот син, излитен костум, со жолтата пеперушка.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше договорено до пладне Татко и Камилски да работат врз источните заемки во областа на гастрономијата, а потоа да продолжат со заедничкиот ручек со сопругите, подготвен според заемките на најчестите и највкусните јадења, кои со векови ги обележуваа балканските кујни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)