Куќите им ги запечатуваше и им ги обележуваше со црна дамка - чумин знак.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Leonardo Da Vinci -Leda and the swan - детал Волшебници на буквите Артур Рембо ја напиша Alchimie du Verbe (Алхемијата на буквите), а во песната Voyelles (Самогласки) тој самогласките ги обележува со бои (на пр. A noir, E blanc).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Мислеле така. Мислејќи, можеле да ги подадат ковчестите раце и подалеку од животот и со врвовите на прстите да минуваат по круг што го обележувале со вид.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Под видливоста на небото нив не ги засегало што било пред тоа и што ќе се случи потоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)