обезбеди (гл.) - остварување (имн.)

Една од работите која беше новост во ЗТПОК беше вклучувањето на одредба со која им се даваше можност на претпријатијата што вршат стопанска дејност заради професионално оспособување и вра- ботување на инвалидизирани лица, претпријатијата за вработување на инвалиди, како и деловите на претпријатијата организирани како заштитни работилници, да пристапат кон трансформација на начи- нот и под условите пропишани со овој закон само доколку со договор склучен со Агенцијата за трансформација на претпријатијата со оп- штествен капитал се обврзат дека ќе обезбедат остварување на права- та на вработување и по основ на работа на лицата вработени во нив пред влегувањето во сила на овој закон (чл. 5, ЗТПОК).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таа го овластува директорот на основното/ средното училиште, откако ќе добие согласност од градоначалникот, а за државните училишта од министерот, да го обезбеди остварувањето на воспитно-образовната работа преку замена на вработените кои штрајкуваат, за времето додека трае штрајкот (чл. 3, ЗИДЗОО/септ.14, чл. 1, ЗИДЗСО/септ.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Владата на РМ може да одлучи да отпочне постапка за стечај на национална установа, ако и покрај преземените мерки не може да се обезбеди остварување на функцијата за која што таа е основана.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, во новиот закон е задржана и обврската на работодавачот со колективен договор да го обезбеди остварувањето на правото на работниците, непосредно или преку свој претставник, да учествуваат во утврдувањето и во подобрувањето на условите за работа и на работната средина (чл. 12, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во случај на настанување услови за отпочнување постапка за стечај на национална установа, Владата на РМ е должна да преземе мерки за обезбедување услови за непречено работење на установата и да даде гаранција за исполнување на обврските на установата спрема трети лица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)