Исто така, во првата половина на март 1944 година, американскиот печат го пренел на своите страници писмото на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија, упатено до министерот за финансии Хенри Моргентау, во кое се барало да не се дозволува вадење на нејзините депозити што се наоѓале во Државната благајна на САД во каков било износ и од чија и да е страна, без согласност на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Едновремено, пред членовите на делегацијата, тој истакнал дека е потребно сојузничките влади официјално да му дадат охрабрување на Јосип Броз Тито, бидејќи "герилската армија (се однесува на НОВ и ПО на Југославија, б.м.) претставува сериозен проблем за нацистичките сили на Балканот и во Италија", а уште повеќе "заради неговата способност да ги обедини различните политички групи во Југославија", што претставувало, според Ла Гвардија, "најдраматична работа во целата војна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)