Сторителот кој ќе ја плати глобата во рокот плаќа само половина од изречената глоба; • со чл. 266-г се регулира постапката за посредување и постигнување согласност, со која сторителот на прекршокот се обврзува да ја плати глобата и другите давачки, но и да ги отстрани последиците од прекршокот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
БАРБОШИН: Има прашања на кои јас не сум обврзан да одговорам.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И враќањето почнувало како и поаѓањето: вкочанета старост со прекрстени раце и труп на оган.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секој спахија од Потковицата беше обврзан да вооружи еден коњаник и двајца пешооди, па така до Потковицата во поход на Маџарско заминаа дванаесет млади потурчени хрисијани, четворица коњаници и осуммина пешооди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но кога е веќе обврзан да одговори на едно од најчувствителните прашања – за посебноста на својот творечки опит, мене ми се стори дека е најприродно тоа да се направи посочувајќи на некои од поинтересните теоретски стојалишта за поезијата и посебно назначувајќи ги оние кои му се поблиски, поприемчиви.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)