носи (гл.) - сега (прил.)

Стрпливо и вредно носеше сега тули синот на Тајко, исполнуван со вакви мисли. Камења, малтер, па тули. Како во „Света Софија“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Што ли мака го носи сега во оваа доба кај нас?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зар не можеле да ми ги дадат просто старите Баневи чевли, отворено, без никаква измама, и јас ќе ги примев, зашто морав да ги примам, и ќе ги носев како што ги носам сега, но немаше да ја носам и оваа безмилосна навреда.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кај да го носиме сега Ничо Белчев?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)