Најголеми добитници од овој тренд да се претставува културната различност како невина и безопасна разновидност се оние маргинализирани групи што сè уште го носат тешкиот товар на некоја стигма и чие однесување во јавноста, затоа, и натаму предизвикува силна и широка одбивност: Афроамериканците кои си го зборуваат црнечкиот англиски во белечко друштво, геј-мажите што се бакнуваат на улица, буч-жените што заземаат лидерски улоги и наметнуваат авторитет над мажите или лицата со посебни потреби кои со тешки маки и упадливо се трудат да совладаат некој простор што не е скроен за нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Јас со своите четриест и осум кила едвај го носев тешкиот куфер кој сигурно тежеше некаде дваестина кила.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Куро е некрунисаниот крал на Менхетн. Ја носи својата кралска круна како што Сизиф го носел тешкиот камен.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Дојде дома на посета... Го носеше тешкиот куфер од дрво, угоре по патот до селото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Прличев може да ми позавиди...неговата мајка кога го носеше тешкиот мокар килим по угорнина...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Телесно истоштен од долго неспиење Христос одвај го носел тешкиот Крст.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)