Пловидба
којзнае дали корените на флората
се изворите на езерото
дали билките ткаат космички страсти
во твоите очи или на разбој
дали се опоравува љубовта
кога едриме
дали сме тоа ние
изненадени од гостопримството
на сонцето
дали преоѓаме еден во друг
и гинеме ли
изненадени
не се креваат облаците
и нискиот притисок
со небото од исти работи боледуваме
никогаш нема да го разбереме
знакот на пловидбата
будни како извори
носиме студена струја
струја.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Миг е кога крвта созрева во плодот и кога во стомните девојките носат студени кладенци.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)