- Јагнињата на ноктите носат среќа, велам, сигурно Германците нема да го искачат топот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Овој прстен носи среќа, љубов и напредок.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Зар и досега тие не ни носеа среќа! И тие истрајуваат со нас!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Будала еден“, му се врекна таа, „како може да носи среќа, кога на жената што умрела не ѝ ја донел?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Така Андон и Благоја се погодија: коњот носеше среќа за двајца, Благоја и голобрадиот младоженец.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Посетите кај мене беа забранети за да се намали на минимум факторот возбуда од каква било причина, но успеваа да ми протнат исушено цвеќенце со „волшебна моќ“ и вода од Урошевац во пивско шише со кончиња што носат среќа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Дамата си оди, а вие ја фрлате детелината во канта (знаете дека со три листа повеќе не носи среќа).
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Така Андон и Благоја се спогодија: коњот носеше среќа за двајцата, и за Андона и Савка, а растажуваше пак двајца, Благоја и голобрадиот младоженец.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)