носи (гл.) - несреќа (имн.)

Таквите негативни желби, би рекол, им носат несреќи на луѓето, ни го затемнуваат животот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој не е несреќа само за мене, оче. Тој носи несреќи за сите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас одново ги подадов прстите кон неговото рамо, но тој ги оттурна со раката уште пред да го допрам, и додаде: “Не сакам да те видам никогаш повеќе.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А ти само сакаш да носиш несреќа. Себеси, и на оние кои се лажеш дека ги сакаш.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)