Во еден од секавичните проблесоци на свеста, му помина само една ластовичка од мисла што му избега во истиот миг: дека облаците над него го носат времето во неповрат, како што се топат во небото и како што тој самиот себеси ќе си се спржи во пепел.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)