нема (гл.) - ама (чест.)

И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ама нема ама! - овојпат наставничката звучеше сериозно - со-бле-ку-вај се! - рече таа нагласувајќи ги слоговите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нема ама”, ѝ ја затна устата Боге со долг бакнеж, од кој девојчето изгуби здив и заборави што сакало да каже - каков приговор да изнесе, како да се спротистави.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)