нема (гл.) - тука (прил.)

И вратата по неа секогаш ќе остане отворена, секогаш кога ќе пофти, ако не ѝ чини таму, слободно нека си се врати.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тиа немало да се плаќаат како досега во стока, туку во пари, потребни за да се купат некои работи за војската кои ги немало тука, во царството, туку ги имало таму некаде, во дуњата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Старите нема тука што да кажуваат многу, ако некоја мома се решила да појде по некого, слободно нека киниса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само за политика немаше тука луѓе. Тој не кажа зошто лежи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од синови, снаи до зетовци, внуци бирократски лебарки се котат ко глувци за професионалци нема тука место швалерките стручни се во министерство
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Зар има зборови кои не можат да постојат кај ниту еден народ, посебно кога се работи за името на ваква возвишена пита? продолжи упорно Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако се наслади со последниот залак од питата, Татко се обиде да го смири својот пријател: Нема тука никаква мистерија?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар мора секогаш парите да бидат причина, најдрагото кога најмногу ти треба да ти го нема тука.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ДЕПА: Ајде, ајде! нема тука не сакам, така си е адет!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Најпосле дека тој, бригадирот Језекил, нема тука никаква вина, бидејќи тој, Змејко, самиот сакаше да го откаже тоа место.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И нема тука никаков парадокс.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Го побара Дорча, но него го немаше тука.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Нема тука како! - налутено одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Нема тука што, нема тука каде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
” и се така ми зборуваше едно десетина минути, знаев сета лутина вака ќе ја истури, и стоев простум со слушалката в рака и ништо не приговарав, што можев воопшто да изустам, немаше тука место за приговарање, “Ој, одма!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)