нема (гл.) - толку (прил.)

И исто така нема толку благородни за од лажна да направат вистинска свеченост.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нема толку прочистувачки зборови коишто од политички цемент би направиле аполитична неутралност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
– Ја свршивме некако работава! – рече најпосле задоволно шефот откако пивна последен пат од ракијата, па на заминување дофрли: – Ќе одеше побрзо, да немавме толку неписмени во нашите редови...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И решија тие, (ма не се работи за џуџиња) човечуљците да ја направат својата експедиција на големата преселба од другата страна на автопатот, токму во недела, кога нема толку многу движење, затоа што некој можеше да биде повреден или не дај боже да загине, а и така нивната популација беше пред изумирање.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во ниеден друг град во Германија нема толку многу банки, дури од цел свет, а меѓу нив и доста југословенски.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Софија нема толку хотели за да може да прифати толку голем прилив на гости и туристи од земјата и од странство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Расправаат дека на ниедно друго место во оваа земја нема толку многу продавници и магацини и работилници, односно фабрики за мебел, како во Келн.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби никаде на други места во Келн, навечер и во ноќните часови нема толку луѓе по улиците и кафеаните, колку во овој кварт под мостот на Рајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Примав пораки дека мора да ја земеме Ен, дека немаат никој друг. Сѐ беше погрешно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И тогаш знаев што правам, но си мислев: „Ех, па можеби и нема толку високо да ја дигне главата”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И немаше толку збеснат народ што јури со автомобилите и кајшто треба и кајшто не треба, и дење и ноќе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Алиса малце се зачуди зашто искинатите кочници беа мачја кашлица, освен тоа беше недела и немаше скоро ич коли а таа возеше полека, едвај и да ги вртеше педалите, но сепак се израдува зашто таа уште од порано очекуваше луда да стане. (Сакаше да вози голем мотор, но тие не ѝ купуваа. ) А во градот лудаци немаше толку многу.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Писателот во себе нема толку многу книги.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Писателот во себе нема толку многу книги Патувањето на крајот на ноќта, Смртта на кредит - би требало тоа да е доволно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Немаше толку мерак за учење, колку мерак за играње; а не се знаеше дали некогаш нешто ќе му појде од рака, како што тогаш сѐ му одеше од нога.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И никаде толку жив залез, толку многу исполнет со противречни чувства, спомени и размисли.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се чини никаде на друго место, освен во Потковицата, нема толку убав, толку цветен, и толку долготраен залез.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да си пијан — не си пијан, немаме толку пиено.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На пример, се сеќавам дека еднаш го молев татко ми да ми купи една играчка-автомобил од излогот на една продавница; тој рече дека е прескапа, и дека нема толку пари.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете, тоа објаснува зошто на кампот му е работа да го спушта секого, особено секого чиј стремеж кон гламурозност може да ги угнетува неговите другари што немале толку среќа, како што е самиот камп.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па кога ќе се повикувам тука на тие поделби, целта нема толку да ми биде да ги разграничам разните гранки на книжевноста, различните начини на претставување и различните формални системи на дискурс, колку што ќе ми биде да ги опишам различните хоризонти на очекување во говорот и во однесувањето. ‌Разни обѕири го прават обидот да се зборува за „машка геј-култура“ ризичен, проблематичен, па дури и немудар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Улогата на кампот е да го разбие издишаното, свечено, здодевно еднолично обожавање на убавината, да им овозможи на геј-мажите кои ја посакуваат и ѝ се восхитуваат на убавината да се поттргнат иронично од својата неиронична посветеност на неа, да ја погледнат од гледиштето на постколонијалната разочараност наместо од гледиштето на исчекувачката возбуда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Динамит немало толку колку што сакале да имаат, но сепак имало доволно за да ја изведат акцијата во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
“Не можам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе го испуштам автобусот.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таму нема толку многу агли.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дојди кај мене да поразговараме кога ќе ти заврши смената.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Желбата и натаму да гледа во празното, да го здогледува таму оној кого го немаше толку години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав во таа живост на нејзините очи, во очните јаболкца кои се беа исушиле и собрале, се беа стуткале длабоко во очните шуплини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неговиот пријател продолжи да се поднасмевнува, но сега отвори и еден мал нотес и со левата рака (понекогаш му се чинеше дека кај ниедна друга нација нема толку левучари како кај Американците) почна нешто да запишува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А ти, Сандре, не беси се попусто за сѐ. Немаме толку јажиња.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Небото е ваша утеха, рекла игуменијата. - На земјата ѝ се стопани богатите. Реков - немате толку камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа еден од оние што му го сечеа челото на тој Онисифор со обетка на увото, Чучук-Андреј или Цене Папчев, рече: „Требаше прстите да му ги исечеме. И грлото. Ни ќе крадеше, ни ќе се смееше над нашиве тегоби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секоја куќа со воденица, мајко. Беговите не ќе ни можат ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама за перење на алиштата нема толку пепел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само да нема толку многу тиња.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Само да ви кажам, патуваме за петнаесет дена. - тогаш несвесно погледна во својот стомак и помисли дека за 15 дена тоа нема толку да порасне за да се забележи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако беше седнал со некои млади момчиња можеби немаше толку да ѝ се бендиса.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш имаше многу магла и гласовите тешко им се пробиваа низ пасамката бели влакна, а сега нема толку магла, ама има тенки и скоро невидливи сиџимки дожд низ кои исто така тешко се пробиваат гласовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Гласот на Дине никогаш немал толку оган во себе, пак предупредува Ако не разбирате од лаф тогаш оваа штица подобро зборува! и се чуја удирања што ја параа ноќта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Костадин уште не застанал на нога... Се нема толку пари... А време му е. Фрлил мерак на Симка.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Никогаш порано немал толку чиста и толку миризлива девојка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Утредента немаше толку многу војска колку што им се пристори вчераноќта.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Среќа дека помеѓу жените нема толку многу кодоши, како помеѓу нас, мажите, ја пофали тој и ја погали по образот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
СПИРО: Не би бил тој мајчин син, таков нагизден и надуен, да нема толку пари, зашто пара чисти и пара се кара...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Чистотата стои до човекот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Исто и мајката и таткото, но откако маман си ја скршила ногата татко ѝ немал толку време да ѝ пишува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но и онака одамна ништо не сум напишала и можеби сега моливите нема толку да ми пречат, па затоа отидов да побарам некое моливче, да си го напишам стихот што си го замислив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога го кренав погледот, пак чудо, на страницата немаше ништо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И добро е што е така, што нема толку воздушни пушки колку што има, да речеме, топки, зашто инаку би имало многу повеќе деца со повредени очи, со рани, би имало многу повеќе мртви птици, скршени прозорци, распарчени улични светилки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се рабира, немаше толку да ѝ попуштам, да не се наоѓав во незгода.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Портата и ѕидините се накитени со разно оружје, и воени алатки, само топови нема толку многу како што мисли човек загледан од долу, од пазариштето. А зошто и да ги има?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш можеби нема толку многу да сакам да сум во Дизниленд, а ќе бидам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И што ми вреди? Нема ништо да ми значи. Сега би ми значело, разбираш?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)