нема (гл.) - таму (прил.)

И сега знам случајноста не е случајност... нашата е со причина... да бидам Јас кога не си ти.. и да бидеш Ти кога мене ме нема таму..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Во слободното време, во неделите и празниците, кога полето е празно, освен овчарите, воларите и говедарите друг никого нема таму па тоа не мора ни да се чува, сам ги истреби и ги огради изворите во Јасики - оттогаш жителите на Потковицата ги викаа Веданови Извори - а во делниците од наутро до навечер, а во убавите лета и преку цела ноќ, го обиколуваше синорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Притоа, болежлив и сѐ уште до крај нездушен со луѓето, постојано се мавташе низ бостаните, низ житјата и покрај лозјата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој како да сакаше да ги поврзе оние искинати нишки од своето сеќавање со тоа што станувало попосле и да ја продолжи мислено линијата на својот живот сѐ до денеска баш таму, на тоа место, каде што никнал, па го ископачиле и го пренесле овде, и сега не може веќе ни да се врати, макар за едно видување: нема како и нема зошто, нема таму ни куќиште ни својштина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Тето, па ова е мал рај! - ѝ се оттргна длабока воздишка на Рада - Сега знам зошто те нема таму долу. Мислам во Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дома? А што барам дома, по речиси петнаесет години, кога веќе ништо немам таму?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
АНЃЕЛЕ: Таму? Мешан е светот таму!... Нема таму вакви гугутки, како вас! (Го зема куферчето и тргнува.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Те немаше таму.“ „Овде сум“, рече Дејв.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
БОЖО: Доста таму! ЈАКОВ: Овде е толку тесно што нема таму. Сѐ е тука.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Набрзина ја изедов супата од леќа, и појдов во просторијата со креветите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога се вратив во нашата барака, отидов право во трпезаријата, на појадок. Отла ја немаше таму.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ни нема таму пристан.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Штом ја затворам книгата, сѐ ми излетува од главата!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се сеќавам само на една работа: Мадријан. Кој е тој, си мислам, Мадријан? Нема таму никаков Мадријан.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)