нема (гл.) - сега (прил.)

„Се сеќавате ли на деветте Југовиќи од читанките? Такви нема сега. Има само Вукбранковиќи.“ „Бидете појасни.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Револтирано промрморев: „да имаше волку храна баба ми дури беше жива, немаше сега да ја закопуваме“.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Можеби брзо по ова ќе последуваа и некои пакосни веселости на негова сметка, зашто случајот самиот тераше да биде искористен, - но настапи школскиот распуст, девојчето замина во некој град во Србија, а Соколе само одвреме-навреме ќе наминеше во берберницата, дека немаше сега зошто да иде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој интерес малку е задоцнет, но од тоа сѐ уште не следува дека тој си нема сега место меѓу нас и дека може да ни напакости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)