Да зборуваме право, за долги не бев ни дораснат: останав малечок не по годините, кусо петле, и тоа претставуваше за мене извор на тешки душевни страдања, за кои нема овде да расправам, дека не ми е ни сега мило да си ги спомнувам.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но, сепак, Балканот не беше лишен од други облици на душманството?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имало жестоки и кравави периоди за време на Османската Империја, задушувани востанија, но немало овде големи стогодишни војни како на Запад помеѓу Англија и Франција, помеѓу Франција и Германија, помеѓу Англија и Шкотска...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нема овде, во овој град, веќе никого од родот на одамна покојниот Кара-Демир, нема ни Константинови потомци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
ЕФКА: (По неа, ја турка напред.) Ајде, ајде, нема овде срам!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СЕЛАНЕЦОТ: Алал, а зошто?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СЕЛАНЕЦОТ: Ама нема овде ни вера, ни душа: пара е овде.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ЕФКА: Амин! Ајде, баци им рака на свекорот и свекрвата.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И нека им е вечна почит и слава на оние што паднаа и ги нема овде меѓу нас ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)