нема (гл.) - зошто (прил.)

И нема зошто да ѝ го кажувам тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој успеал пак да го пресврти воспитачот и јас сега немаше зошто да се чувствувам виновен пред него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој како да сакаше да ги поврзе оние искинати нишки од своето сеќавање со тоа што станувало попосле и да ја продолжи мислено линијата на својот живот сѐ до денеска баш таму, на тоа место, каде што никнал, па го ископачиле и го пренесле овде, и сега не може веќе ни да се врати, макар за едно видување: нема како и нема зошто, нема таму ни куќиште ни својштина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сепак немаше зошто да бидам незадоволен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гледавме во неа, во нејзиното бледо лице и потемнети очи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој пред некој си прчко Џеронимо нѐ нарече клинци и нема зошто да зборуваме за него.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Никој немаше смелост нешто да прозбори.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Немаше зошто да се плашат од него, бидејќи немаше што да им земе, та еден се насмеа и му рече: — Ами, кога ме неќиш ти со тебе, шо ќе правиме, ќе му валкаме трупје на чорбаџи — Тошета, да го јадиме лебот и да а сркаме водата од граот. Море јас ве сакам внучковци, токо не ви се врзани гаќите вам — се нашегува Толе и продолжи: — Елате де да ве вида шо мажи сте?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, камо пушки, де? — праша пак оној трупар и голта топли залаци од погачата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имал - немал зошто, човек постојано се заблагодарува на тоа што воопшто нешто можел да каже.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога не те итересирало тогаш, нема зошто да те интересира ни сега.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Штом тоа го рече вујко ми Герман, којшто е крајно сериозен човек, со една вродена дарба за љубов кон луѓето, воопшто немаше зошто повеќе да се сомневам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Татковиот брат тогаш му рекол дека никому лошо не му сторил, па нема зошто да ја напушти земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ајде, касвите пак да излегуваме. Нема зошто да се плашиме — Анѓеле е прав, здрав како некој волк! Така ли е, Анѓеле?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нели и самиот Даскалов забележа дека погребот под Сина Скала никого нема да го изненади.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најсериозно сметам дека луѓето никогаш не биле а и нема зошто да бидат заинтересирани за чудната желба на мајка ми да биде и понатаму осамена, како и во животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имам речено исто така дека многу посакував и мене да ме снајде несреќа и да проживеам онолку несреќен живот колку што Таша има проживеано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Досега барем на сто места имам кажано дека нема зошто да се сожалуваме над судбината на таа Таша под Сина Скала. (Да се разбереме, ова го велев и додека беше жива).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ромео ќе се најаде сега. - Нема зошто да се најаде. Тој се убива.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бев решен да не попуштам, нема зошто да се посрамоти од мене Лон Чени.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Наместо да ја оспоруваат или да ја подриваат конвенционалната женственост, тие се здобиваат со моќ преку нејзина преувеличена, претерана, хиперболична и нападна изведба (а тоа е она што голем број феминистки ги тера да бидат сомничави кон нив).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие што се сведени на степен на несериозност нема зошто да се однесуваат пристојно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понатаму, абјектноста може да биде еднакво моќна како гламурозноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Ти имаш работни навики, нема зошто да се плашиш, - ми одговори Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Меланхолијата седи пред својата недовршена градба, окружена со инструментите, седната и загледана така како да се откажува од сѐ, како нешто да ѝ вели дека градбата никогаш нема да биде завршена; една скала е потпрена на градбата, а на земјата покрај долниот крај на скалата лежи камен блок – дали Меланхолијата треба да го искачи, по скалата, на градбата?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„По добро,“ рече со молбен глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не си ми згрешила ништо со тоа. Нема зошто да бараш простување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Понекогаш, кога се плашам да заспијам сама во собата, одново замолчувам и се скаменувам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Или можеби времето застанало и песокта во часовникот ќе застане, ни ваму ни таму, а тасовите на вагата во својата рамнотежа покажуваат дека веќе сѐ е сеедно и нема значење, а ѕвоното нема зошто да удри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нема зошто да те помнам – ќе бидам со тебе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од сето горе речено се гледа оти бугарските арнотии за нас Македонците ни најмалку не се разликуваат од српските, но затоа пак нѐ чинат стопати повеќе: 1/ за бугарското име што ни го подари Егзархијата82ние ги зедовме на себе сите добрини што се врзани со него и со кои се украси тоа име во најновата историја на Балканскиот Полуостров. 2/ за бугарските училишта и бугарското „покровителство” на нашите интереси ние немаме никакво сочувство од страна на Русите, не затоа што тие ги мразат Бугарите, а по тие причини што тие толку многу направиле за Бугарите, колку за никој од словенските и православни народи: излегува оти тие и за нас Македонците направиле многу и немало зошто уште нешто да очекуваме од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, во XIV век Македонците официјално го носеа името Срби, коешто немаше зошто да го презираат и да се лутат на него. Во тоа име тие не наоѓаат ништо лошо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па и немало зошто: името Србин погостува во Македонија како политички термин само малку време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, нема зошто да се бориме со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
98. На 18.7.1903 год. и Е.Спространов запишал во својот дневник: „Дури и етничкиот сепаратизам да се прегрне покрај политичкиот, пак нема зошто да се плашат Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
61. Да беа го направиле тоа, немаше зошто ние сега да се занимаваме со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Комитетот, со други зборови, бара европските влади да гледаат на работите во Македонија со македонски очи, т.е. со очите на комитетот: а да беше така работата, немаше зошто европските влади да имаат свои агенти во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Да го приколам ли оној нивни што јачи? - Остави го, нема зошто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веднаш побарал да се собере сиот лук и рамномерно да се подели меѓу луѓето, по десетина главички на човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Како што ќе речеш ти, Борисе. Јас веќе немам зошто да го слушам оној Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оние двајца борци на кои им ја раскажувал непознатата историја, весели зејгоровци што и на родените мајки можеле нечујно да им дрпнат доенче од прегратка, црпеле со една лажица густ мармалад од пленета германска конзерва и задоволно ги протегале мршавите нозе по земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беговите ќе го најдат, потоа ќе ни побараат сметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црковниот старешина пробил со глава терцијарен слој да им раскажува народни библиички, нека го, немало зошто да се подбиваат со него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ослободете толку коли колку што имаме ранети.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Биди разумна и остави ја жена ми. Вечер ќе дојдам. - Нема зошто, отстапила. - Ти си мртов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не верувале во можноста да бидат проклето соочени со нов непријател, најподмолен од сите што ги познавал човечкиот род, но со искривени муцки џвакале лута белина и трепкале со засолзени очи - најпосле Онисифор Проказник е тој што треба да се слуша и тие нема зошто да се бунат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И проверете да не нѐ стругнало некое од добичињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или можеби таа е веќе трудна од твоите овдешни желби?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема зошто утре да го губиме денот. Цветот на ноќта се затворил ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледај, синко, да живееш како човек и да умреш за неа, ако треба. Та ти за друго и нема зошто да живееш“.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МАЧОРОТ ТОШО Денес деца да ви кажам нема зошто да ве лажам го видов мачорот Тошо налутено седеше во ќошот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А кога еднаш поверува во неговите зборови, Змејко веќе немаше зошто да не се впушти и најдлабоко во сето тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нема зошто повеќе да ми ја чува куќата“, рече.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги поминавме жиците и се исправаме. Нема зошто да лазиме повеќе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас сум поп човек, исповедувам секого, и нема зошто да се плашиш да ми се исповедаш што си сторил и што мислиш да правиш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Да ја земеш ти Антица, а тој да остане измамен од кир Ристаќија и да нема зошто да се грчи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Постојано повторуваше оти Бог му е сведок дека никому зло не сторил па нема зошто да бега!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го убедував да го утешам дека одраснал и меѓу нас, немуслимани, и дека нема зошто да биде, да се чувствува сам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нема зошто да ме паметиш по добрина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Сега ќе ги земам. нема зошто да ти го јаваат грбот.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нема зошто да те колам. Умирам и себап е да не поскаувам туѓа смрт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стануваш и нема зошто посебно да разгледуваш наоколу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не му реков дека не го лажам, не го разуверував, зашто немаше зошто да го правам тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Чудно е, ама и него сите го сакаат. Никој не го пцуе, затоа што нема зошто.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Јас самата сфаќам, дека со тоа нема зошто да се гордеам: само сум поблиску до гробот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа е свршена работа. Нема зошто да се враќа назад.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Штом го напушти, со чувство дека не треба да го продолжува заедничкиот живот со него, со нив, веќе нема зошто да ја интересира неговиот натамошен живот?!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нема зошто да се тревожам од тоа што ми доаѓа Костадин, не треба да му се развикувам оти ако го налутам нема ни да се врати уште еднаш!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако Танаско и неговата жена мислат дека зимата ја довела до тоа дереџе, таа нема зошто да се плаши дека нејзината срамотија е веќе јавна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Затоа јас сега повеќе немам зошто да живеам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Такви сме ние, помислував, се качуваме секогаш во возот за кој се знае дека касни, а за долгото возење и за задоцнувањето на целта ја прогласуваме виновна судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Барем за ѓубрето времето нема зошто да брза!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Немаше зошто – пред да јави момакот дека дошол некој од Брезница, тој беше тука, заедно со Дика и седеше на местото каде што после седеше Бошко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако го трансформираме внатрешниот свет на нашите души ако се ослободиме од темните сенки на нашето минато, од разочарувањата, неуспесите, траумите, понижувањата, ако научиме да го контролираме минатото, нема повеќе да го носиме како тежок товар, нема зошто да жалиме сѐ е добра лекција, шамар за освестување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потребна е храброст да се променат работите, но со магијата и волшебството што го чуваме во срцето можеме да бидеме љубов за да најдеме љубов, да веруваме во можностите и слободата и ќе најдеме среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нема зошто! Ти верувам! Само така си зборуваме колку времето да си помине“ - промрморе Филип.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Штом така рекол другарот Захаријадис, значи е така како што рекол и нема зошто да не му верчваме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој во куќа не влегуваше и никому не додеваше ако навистина немаше зошто.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Оти кој не ќе научи да ја испее азбуката тој понатаму на училиште, нема зошто да доаѓа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Моите другари понекогаш си играат мајтап со мене, ми велат дека сум чуден бидејќи сè уште немам своја избраничка и дека ќе ми помине младоста во чекање на вистинскиот час.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку искрено го постави прашањето и ме погледна право в очи што не можев да скријам. А и немав зошто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одеднаш така ми се стори: дека нема зошто да имам против и дека Миру не може да ми го одземе Игбал, дури и кога би се обидела тоа да го направи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред да ѝ одговорам, бев веќе сосема сигурна дека одговорот е потврден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си велам, ќе се појави тогаш кога ќе дојде време, и нема зошто да размислувам кога и како тоа ќе се случи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А мене ми е мило што моето девојче престана да се фали, а се фалеше кога немаше зошто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)