нема (гл.) - воопшто (прил.)

Ако, пак, работата беше особено тешка, тогаш тој имаше обичај дури и воопшто да не ги завршува речениците, така што мошне често, започнувајќи со зборовите: „Тоа е, навистина, сосема онака...“ – а понатаму веќе немаше воопшто ништо, зашто и самиот тој забораваше, мислејќи дека кажал сѐ што било потребно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не му веруваше на лекарот дека нема воопшто да ја препознае.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нека нè земе еднаш со себе, па ќе се увери дека нема воопшто да нѝ недостига.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Млеко немаше воопшто, а малиот ја зграпчи празната цицка и целиот беше среќен.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко ми еднаш бил во Кан со неа, и вели дека никогаш повеќе не би одел, оти само првите два-три дена му било интересно, а потоа ужасно му било здодевно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во суштина, во земја во која што најголемиот дел од работните места ги обезбедуваше државата, немаше воопшто алтернативи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Зар не слушна што ти реков за оној Ракиткин“? прашува таа оџагарена во мене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И замисли си, наеднаш Рајна ми вели дека воопшто не ја интересира со кого спиел, и немало воопшто да ја спомнува оваа љубов на Генералот ако не се случило она што се случи - неговото убиство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)