нема (гл.) - ниеден (прид.)

Конзервативец е човек кој пропагира семејни и конзервативни вредности, а во меѓувреме дели тендери, брка швалерки, плаќа абортуси и нема ниедно дете, а од религиозност практикува само крст кој му стои закачен на ретровизорот од џипот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И чудно како, но и покрај тоа што со свои очи видов и гледам, сепак немам ниеден аргумент со кој овој ремнав човек би го обвинил.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е стадо кози, кога слегуваат од Галафската гора; забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; усните твои – како алова панделка, а устата твоја слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ти е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ти се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Таа: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Тој: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем Фисот ме фати за коса, ѝ рече на Луција „Избриши го“, и таа потем долго ме бришеше со шамичето; гледав солзи во нејзините очи; тоа не беше онаа Луција од разбојот, којзнае дали некогаш воопшто и постоела таква Луција, си мислев; гледав пред себе жена во солзи, сподобие страсно во писмо што го преточив, во песни; жена со очи гулабови; со коса како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора; со заби – стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; со усни – алова панделка, со уста слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ѝ е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ѝ се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; еве ја, плаче пред мене и ми ги подава рацете, и вели: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; еве ја, стои пред мене и јас ѝ велам: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
У секоја пригода, а посебно на журките и забавите, сите се насмеани. Немаш ниеден мргуд околу себе.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Види, јас никогаш досега не сум забележал дека пред нашата куќа нема ниедна улична светилка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Наоколу сега немаше ниедна од оние црни, зачекорени сенки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа, додека го чекаше, тој немаше ниедна друга мисла, не мислеше дури ни на тоа, што значеше за него еден таков среќен лов; беше само еден благ трпнеж задоволство, што се раѓаше во неговата рака и во неговото рамо и му се ширеше по целата снага, обземајќи го сиот во своите топли бранувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу во неговата дланка веќе немаше ниедна скрупца сол, но тоа не му пречеше на оној да ги прелижува повторно сите негови прсти со ред, скокоткајќи го неиздржливо по средината на дланката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Немаше ниедна друга мисла, додека ги гледаше како се смалуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој посебно нагласил дека политичкото и военото раководство на НОВ и ПО во Македонија, имајќи го предвид горчливото искуство од минатото и ударите на соседните балкански држави, се залагале и се бореле Македонија да стане "членка на една силна федерација на југословенските држави".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Забележал дека освен партизанското движење немало ниедно друго политичко движење во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Забораваат дека толку многу сакаа да побегнат од онаа заморувачка рамница во која нема ниедна возвишка за да ги одмориш очите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Каде ви стојат чашите за млеко? - праша баба ми. - Таму, горе, - ѝ покажав. - Нема ниедна, - рече таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По патот уште нема ниедна кола, за змиите и гуштерите не е доволно стоплено, во тревата на ендекот шушкаат по некоја желка или еж, свиоците ги сечат не мачки ами зајаци, а понекогаш на асфалтот ќе истрча по некое срнче што си ја изгубило врвицата меѓу дрвјата па повеќе зачудено одошто исплашено те гледа на патот како му се доближуваш, небаре срнец од друга планета.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А секако би требало да ни се благодарни, зашто фамилија во која нема ниедна црна овца и не е вистинска фамилија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури и стручњаците сакаа да разговараат со него, го сметаа за иницијатор, за интелигентен, за исклучително симпатичен, сѐ додека не ги отрезнеше шокот по неговата операција за олеснување на ќесето, зашто тој не пустошеше само кај роднините, туку своите подмолни замки ги поставуваше секаде каде што му се чинеше дека ќе има полза од тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но нема ниедна клупа. Дури ни спомен на клупа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Неа ја будат само птичјите гласови и yвонењето на киевскиот комунален трамвај, што некојпат допира од градот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)