нема (гл.) - изразен (прид.)

Дури и подоцна по сите оние сознанија со кои се имаше здобиено од животот таа се трудеше самата себе си да се увери дека се можело да тргне и по други патишта, но и тоа што се случило имало свое оправдување а и свои вредности, па нема потреба да се оцрнува и да се трупа кај грдите спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Климент Камилски, со гордост каква што немаше изразено последните десетина години откако се врати од Париз, му прочита и неколку збора од неговиот шпански соборец, camarade Бертран, кој му пишуваше откако во еден здив ја прочитал дисертацијата: Тебе, Camarade Avdenko, за твојата книга: Ја сакам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во секој случај таа никогаш отворено и со конкретни зборови немаше изразено незадоволство поради начинот на кој ја прифатила понудата од човекот на кого ни името не му го знаела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем, да додадам веднаш: мајка ми, никогаш и пред никого немаше изразено жалење заради она што се беше случило некогаш, во времињата на војната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар да ги убедува грдите сеирџии дека она, што го сметаат за нејзина слабост е всушност нејзината најголема среќа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)