нема (гл.) - час (имн.)

Немаше час, немаше ден да не го скорне Дудан: - Ајде Дудан читај; ајде Дудан сметај, ајде Дудан рецитирај.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Речиси немаше час да не го дигне од местото, да не го распрашува, да го тормози на секаков начин.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ах, нема час а да не сум во мислите со своите, со луѓето од своето село. Но што да се прави?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)