нема (гл.) - успех (имн.)

Жал ми е што немаше повеќе успех, но верувам дека немаше успех затоа што приказната беше за човек што не сакаше ништо да направи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Многупати слушавме од некои одговорни лица – без жртви нема успех – но таквата парола никому не му се допаѓаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Така нема успех, треба да одат на работа, многу да работат за да имаш еден живот за себе и за децата, на кое да е работно место.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Доколку имаме желба, верба и цел а не вршиме никаква активност, пак нема успех.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ако почнуваме активност и имаме поставено цел пред себе а желбата и верата отсуствуваат, тогаш нема успех.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)