нема (гл.) - татко (имн.)

Често го запирав погледот на учителката Вера и ми се чинеше дека и таа е нерасположена што го нема татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- А, со неа, - рече зајадливо и веднаш престана да плаче - така ве залажува, ве облекува, ви купува, вие си немате татко да ви купи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Тетко Рајно, уште ги нема тато и мама - реков, иако однапред знаев дека и таа не може ништо повеќе да ми каже.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се зборуваше дека нема татко.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Беше повлечен, мирен, на мравка не газеше. Немаше татко; татко му умрел во некоја елитна единица во Африка (мислам во Египет!); бил платеник на странска војска, и го напуштил семејството веднаш по раѓањето на сестра му, за да стане војник. Така барем велеше Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега знаеја дека Иле можеби е таков затоа што нема татко, затоа што, можеби, е сиромав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Само, зошто ли лаат кучињата и зошто го нема тато?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Орде немаше татко од пред две години, а јас малку повеќе од една година. Неговиот татко беше дрводелец.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Навечер ја нема мајка ми да ме погали пред заспивање, наутро го нема татко ми да ме разбуди за на школо и да ми направи сендвич.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А можеби Марија ќе му зборува дека нема татко. Дека е умрен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас сум ѝ вујко! А како што нема татко и татко!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го немаше татко ми, со големо искуство во нереализираните илузии во животот, за да ги запре моите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа не се согласуваше со својата ќерка дека на Дончо треба да му се пружи најмногу затоа што го нема татка си крај себе (па ако го има што ќар?), особено што веќе се знае дека ќе ја има снагата нејзина!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Не, не, чичко, не! Немам татко! Ние со мајка ми сме сами - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Немам татко - одговори Трајче. - Татко ми го убија Германците кога го бомбардираа Белград. Сега сме дома јас и мајка ми.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со време, за сите различно животот ќе се претвори во складиште на отсуства: без зуење, без зборење, без пискот нема пожар, нема татко нема семејни пријатели нема гости, нема милост нема иднина нема држава, нема ништо нема како што познаваш... нема, без, нема без ... Твојот живот ќе биде пополнета празнина.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)