нема (гл.) - одговор (имн.)

Кога ги прашав зошто ми ја подаваат храната, нема одговор: Ете така ни дојде.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас знам дека не сум умрен, ама ако тој го рашири тој глас тогаш мене никој нема да ми верува, сите овие видувања, овие сознанија ќе останат несоопштени, луѓето незадоволени со одговор на прашањата за кои тие мислат дека нема одговор.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Надрипросветари ги учат младите дека на такви прашања за вредностите нема одговор, дека тие не можат да се проверат ниту да се разјаснат, и дека тоа, всушност, и не се некои прашања или дека тоа се прашања „пред сите” прашања.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Чукна на вратата. Немаше одговор.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Стрела, ти ли си? - шепоти момчето. Нема одговор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Немаше одговор. Даниел мрачно стоеше таму на сончевата светлина, беше издвоена и намуртена фигура.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Под еден од покривите, скриена од жештината на денот, Ирена се задушуваше во безброј прашања на кои немаше одговори.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Немам одговор на таквите прашања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Поставете ми некое едноставно прашање,” рече доктор Гете, и се приближи до една девојка која стоеше во аголот на просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали Господ вистина постои? - ни сега немаше одговор на ова вечно филозофско прашање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Добро беше што изостана прашањето за деца зашто на тоа прашање Рада немаше одговор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако се сметаше за умен, Пишпирик немаше одговор на ова прашање.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Птици преселници, бегајте во топли предели.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Татко немаше одговор во мигот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова се случува во светот на апсурдот, толку сугестивно предочен во познатиот сизифовски универзум на Албер Ками, кога со прашален поглед кон небото го бара одговорот за трагичниот апсурд, но од небето нема одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој, гледано отстрана, како да беше напуштен? - запрашав повторно во алузивен тон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште еднаш Езерото стануваше татковина на тие што беа ја изгубиле историската татковина. Махмуд Дарвиш сигурно беше меѓу нив...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но за Дарвиш не можеше да нема одговор за било кое прашање кое се однесуваше на неговите односи со Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нивните дисхармонични крици, кога ловот е завршен, и големите туни се предадени на смртта, се претвараа во некаква песна на победата, во еден хор на лудило, во една химна на апсурдот, со погледи упатени кон небото, во знак на благодарност кон овој дар од небото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Месади мигум немаше одговор! Гледаше загрижено кон говорникот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Дојдени сме на овој поетски собир по наредба на Јасер Арафат! - ми рече Махмуд Дарвиш! Во мигот немав одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Впрочем, на него немаше одговор дури ни сега, затоа што малубројните раштркани преживеани луѓе од старите времиња беа неспособни да ја споредат едната ера со другата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Богдан немаше одговор на ова прашање, но тоа природно му се наметнуваше, не толку кога ќе беа в кревет, исполнети со себе и доволни сами на себе, изделени од сиот друг свет, колку во миговите кога ќе го гледаше нејзиното голо тело низ објективот, работејќи на фотосесиите кои госпоѓа Мариела особено ги љубеше (во спалната, во кујната, во купатилото, на дрвените вртени скали меѓу едниот и другиот кат, на пространата тераса обрастена во густеж од бршлени) кои траеја долго, исполнети со сласт на себеоткривања и дооткривања еден со друг, со лес на дишење, со движења кои беа нечујни, со поместувања низ амбиентот кои беа спонтани и хармонични, во атмосфера која беше пријатна за двајцата, што, всушност, значеше предигра за она што потоа следуваше: да се спојат нивните растреперени тела во долга и страсна љубовна игра до исцрпување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа беше првата што разбра за што се работи. Зашто, кога тој ѝ се пожали дека во последно време не сонува, Влаинката брзо го праша дали е нажален оти нема одговор на нешто?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ридовите на градот кријат за тебе непозната вегетација, а парковите лачат дразби на коишто немаш одговор.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И на крај се постави едно болно прашање, на кое никој нема одговор: а што правиме со оние илјадници парови што стапија во хомосексуален брак додека тоа беше законски возможно?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Заѕвонив, долго, па отсечно. Немаше одговор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Немаше одговор... Сигурно не може да се смири, плаче, па не сака да ја сетам по телефон.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Едно чудно животно од непознат вид трчеше низ широките простори на неговата радост, но каде се беше упатило и со каква цел, немаше одговор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Спиеше ли цело попладне?“ одрежа жена му. „Четири пати те викав, но немаше одговор.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Немам одговор, ниту сега, ниту било кога, испуштам воздишка која е почеток на плач, горчлив очај и знам дека ако почнам да плачам никогаш нема да можам да престанам, не можеме да бидеме сведоци на ова време ние сме негови жртви.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Денес имам многу повеќе години, многу помалку коса на главата, немам фикус на балконот и сѐ уште немам одговор на прашањето што ми го постави татко ми кога имав четири години.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Влатко ги поткрена рамениците: „Не знам... па и нема одговор. Еве, ново прашање!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И повторно на патот истата песна: - Ги читавме вашите книги? - Што сте читале? Нема одговор.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)