нема (гл.) - луѓе (имн.)

Штом нема луѓе да ја гледаат, таа свеќа се гасне, оти нема кој да ја фали.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во сказнава нема луѓе и тие да се восхитуваат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Имало забести чакали – до коски ќе ја соголуваш.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А што барам таму, вели, зар овдека нема луѓе за спасување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, дури се свртев, веќе нема луѓе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму немаше луѓе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нема луѓе. Кафеаните празни. Фино. Чисто.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сал молк тежок и длабок како мрачна бездна, молк кобен како најтешка клетва... и болка како од отворена рана... Така посакаа други... – да нема луѓе... и човечки одѕив...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Луѓе? Не, немаше луѓе, ама имаше многу војска...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нема луѓе, вели, ни дрвја, ни меѓи, ни межници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)