нема (гл.) - лице (имн.)

Што му направија за сите девет месеци интернација...?  И види: Застанат пред огледалото, Макс Мертен го вади коскеното чешле од внатрешниот џеб на сивиот ленен костум и сака строго да ја зачешла својата мазна фризура, кога забележува дека нема лице.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Патем ги гледав луѓето; ниеден од нив немаше лице; ги гледав и рекламите во разни бои; сите тие бои беа безбојни, без име; ниедна црвена боја не беше црвена, туку во себе само содржеше нешто апстрактно црвено; но ниедна не беше вистински црвена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш брцнува со раката во внатрешниот џеб, и види, оттаму си го вади лицето, тенко како флиспапир, го положува онаму каде што треба да стои, го притиска со прстите и кога ги тргнува дланките, гледа како од огледалото го гледа лицето на Фирерот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)