нема (гл.) - книга (имн.)

Легендата продолжувала дека немало книга од Исток што не можела да се најде во оваа книжарница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немало книга што некогаш Хрант, а сега неговиот син Армен и ќерката Алиса не можеле да ја најдат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, кој немаше книги колку Камилски, но тие што ги имаше ги читаше, често се сомневаше во импровизираните искази на својот пријател, но за тоа немаше дефинитивни докази и не сакаше со тоа и да го загрозува пријателството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- ја прашував, сакајќи да ја наведам да се открива себеси – Во селово скоро да нема книги, освен училишната библиотека, а доколку би имало, не можеш да знаеш што пишува во нив?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А можеби, најпосле, зад оваа таканаречена гадлива издржливост се криеше гнасен и одбивен мазохизам? Крај. Немаше книги.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Порано, пак, Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа исто како и многубошците.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
МИХАЈЛО: (Гледа дека ги нема книгите.) Книгите? Каде се книгите?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не му помагаше тука сета ука од сите книги што ја беше насобрал во својата нестрижена глава, зашто се покажа дека уште нема книга што барем ќе го воведе ако нема да го води човека низ животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Немаше книги што ќе ти кажат кога си се родил и како се викаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)