Често, кога не можеше да го најде кодот на сиџилите, низ прозорецот, гледаше кон небото коешто му ги прошируваше мислите, го понесуваше, кога немаше излез во сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Клучно е да ги размрдаме малку тие комуникациски канали внатре градот (за воопшто да можеме да градиме некаква покомплексна информативна структура, „однадвор”), да ги мобилизираме инвентивноста и духот кои чучат и пропаѓаат по скопските дувла затоа што на okno.mk | Margina #15-16 [1995] 5 Балканот тие се безвредна роба, да го промениме тој инертен и моќен фатализам дека нема излез од гомнава, создавајќи силни јазли на некаква креативна енергија што би се ширела ко звукот на хотелското yвонче во Бартон Финк, суптилно а силно, вон фреквенциите на „чуварите на националната култура”, зомбиевските гадови што блокираат било каков проток и кои гнијат секој во своето изолирано ќоше од овој мрачен лавиринт низ кој талкаме и за кој допрво треба да се утврди дали воопшто поседува излез, копчи, интерфејси, како сакате, со некои поглобални структури. 3. Nick White Бројчињава во текстов се само затоа што овој трет параграф, некако според духот, не припаѓа баш во Маргина, но поради сомнителните морални причини споменати на истово место и во минатиот број, поради новиот голем бран на еден примитивен националистички дух кој не разликува државотворност од шовинизам, патриотизам од национализам (кој не разбира дека државата токму настанува во зоната на поларното одвојување на тие термини!) но и кој, доколку не се реагира (а богами и тогаш!, но реакцијата секо-гаш е важна, колку и да е осамена, макар и во историски рамки) брзо тркала сè пред себе, ете, поради тоа, велам: неверојатно е важен отпорот спрема тој евтин трговски национализам кој ги тресе особено тнр. кругови на културниот естаблишмент, кои си пронајдоа ново идеолошко лижавче, нова дури јазична матрица составена од крајно нерафинирани наци-романтични стереотипи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Немаше излез, човекот со кој живеев беше неверојатно подложен, да не кажам подмолен обожавател на сите можни пороци. Згора на сѐ луд.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Немаше излез. Се препушти на својата судбина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Една ноќ со директорот на женскиот оддел на Прифатниот центар за странци Стево Трајчов долго шетавме по кејот на реката, разговарајќи за ситуацијата од која, речиси, немаше излез.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сепак, Господ ме спаси. Пак нема излез. Се чувствувам грозно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Пред мене, кај шолјичката со црн талог и со отпушоци слични на мали надгробни споменици во котлина од која нема излез, лежи хартија на која сум запишал меѓу другото: Темната возбуда, носи неспокој, нѐ фрла во тивок очај или некорисен гнев ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сабато рекол дека соништата и уметноста се многу слични, со тоа што овие првиве главно се тажни затоа што немаат излез.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ми се чинеше дека сум во некој круг од кој нема излез.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Немавме излез. Двете чешми не беа доволни ни за пиење, а камо ли за миење и за перење? Фативме вошки.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таа нема излез, ниту може да го има.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ако се налути Сталин, размислуваше Татко, може засекогаш да ги блокира границите и да нема излез од Балканот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)