нема (гл.) - иднина (имн.)

Ете, ако љубовта ја земеме како клучна работа во човековата имотна состојба, тогаш воопшто не треба да се чудиме што оние од власта кога ќе насетат дека државата нема иднина, се фаќаат за календарот на годините што поминале.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да се живее од денес до утре, од недела до недела, вртејќи се во сегашноста која нема иднина, беше непобедлив инстинкт, исто како што белите дробови секогаш ќе го земат следниот здив, сѐ додека има воздух на располагање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Асимилацијата на геј-луѓето во стрејт-општеството му ставила крај на сето тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-културата е остаток од едно минато време.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Архаична е, застарена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-културата нема иднина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествената прифатеност, декриминализацијата на геј-сексот, легализацијата на хомосексуалните општествени и сексуални институции, тргањето на пречките за истополовиот брак, за воената служба, за свештенството и психоанализата, заедно со други дотогаш забранети професии, не треба да се побрка со крајот на сексуалната нормативност, а камоли со падот на хетеросексуалната доминантност. ‌Сигурно, има такви што сметаат дека општествена рамноправност премолчено имплицира афирмација на суштинската нормалност на лезбигеј-луѓето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со време, за сите различно животот ќе се претвори во складиште на отсуства: без зуење, без зборење, без пискот нема пожар, нема татко нема семејни пријатели нема гости, нема милост нема иднина нема држава, нема ништо нема како што познаваш... нема, без, нема без ... Твојот живот ќе биде пополнета празнина.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јазикот на окупацијата се менува. Наместо да викаш убивај викаш - сели се тука нема иднина за тебе.  Сѐ е прилагодено за другиот.  Сѐ е подредено до бесвест. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)