Едно „јас” не престанало да постои, но е без супстанца, лишено од телото, му недостига квалитет на реалност, нема идентитет, нема едно „себе” што би одело заедно.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не дека нема идентитет, туку таа себе не може да се идентификува, не може да каже “јас” или “ние”, може да го земе обликот на субјект само ако не си е идентична или, доколку повеќе сакате, ако во себе е различна.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Аксиом на самореализација попатно ѝ е прилепен на работата дома: човек нешто значи само ако е во бизнисот. Немате активност, немате идентитет.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Иако звучи како противречност, тврдењето дека „јас” нема идентитет, сепак се чини дека е адекватно.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Му се обраќам некому, некому друг, мртов или жив, на некои коишто немаат идентитет на оваа културална сцена. 4Едновремено со силната потреба што ве наведува кон создавање, забележлив е уште еден факт: сите ваши текстови се повикуваат на угледни имиња какви што се Хусерл, Платон, Хајдегер, Хегел, Русо, Жабес, Целан.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Она што го шокира чесниот филозоф, го одушевува превртливиот поет.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Поетот е најмалото поетско нешто на овој свет, тој нема идентитет и секогаш живее во туѓ лик”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Да го споменеме, на пример, меѓу илјадниците други, примерот што никогаш не сум го наведувал - објаснувањето на Мајстор Екхарт кој известува за тоа што Мајмонид рекол во врска со обрезувањето, колку научно толку и наивно: “при сечењето на препуциумот повеќе се имало наум уживањето и задоволувањето на телото отколку создавањето на ново суштество.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)