нема (гл.) - збор (имн.)

Немаше зборови. Тишината беше јасна. Нова комисија, проверки, записници. И сѐ поради козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Грот: Што мислиш за Дру Фридмен? !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сепак, тој е секогаш интересен за читање, тука нема збор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„А бре, другари, кучкари сме, нема збор...“ „Беа наши“, рече Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Се сеќавате, нив ги најдовме на ѓубриште уште непрогледани.“ „И ги криевме во оваа визба“, продолжи Дејко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Клучот од визбата ми беше во џебот, отклучив и се втурнавме: ние - петмина а тоа - малечко, исплашено и црно. Трепереше од страв. „Поголемо е од Џеки и Белчо“ реков.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Значи, немаше збор за месо, риба, ништо. Јуфки! Јуфки!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Тогаш нема збор, не те пуштам никаде!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога сè ќе замолчи, нема зборови за разговори долги, а само очите говорат, очекувајќи секојдневно исти денови, времето тече бесповратно, а грижа воопшто немате што си оди, ниту пак знаете патот кај ве води, апослутно на ништо не се надевате, не сакате, ниту мразите, рамнодушно по земјата газите, ни мртов ни жив, е тоа е клето, нема ден бел, само црн, ниту сив, тогаш сфаќате дека, не сте сфаќале ништо.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Но на повеќето од новите жители во геј-гетата заедничко им беше искуството на учество во еден нов, радосен и невиден општествен експеримент: создавањето заедница околу хомосексуалната желба, геј-сексот и геј-идентитетот.443 Тој општествен експеримент излезе кратковечен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А така процесот на аутирање го усогласуваше со постепеното раскрстување со традиционалните хетеросексуални, конзервативни, главнотековни претстави за правилниот начин на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа им додаваше тежина и авторитет на поеволуираните, на поискусните и на порадикалните припадници на локалната заедница.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај тоа што, според Томасини, човекот е „млад, мажествен маж“, што е „крупен“, што „зрачи со плеќеста машка самодоверба“, што обожава да игра кошарка и што „често може да се види во паркот како, заигран партија баскет, се турка со другарите“, ете, нема збор, излезе дека бил пешко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нужна беше психичка деколонизација: геј-мажите требаше да ги распознаат и да ги отфрлат туѓите, несоодветни претстави што околната култура на хетеросексуалноста им ги всадила во умовите. ‌Многумина геј-мажи ја отфрлаа радикалната идеологија на машкиот геј-живот, да нема збор, а многумина формираа свои подгрупи во рамките на геј-заедниците според своите сексуални вкусови, родови стилови, идентификации со конкретна општествена класа, политички симпатии, морал, вредности, интереси и навики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако дечките што изгледаа како обични дечки, на кои се гледаше старомодна, стандардна мажественост, честопати беа еротски објекти на цена, многумина од новајлиите во геј-гетата постепено доживеаја разубедување од своите старомодни, рустични, паланечки, непросветлени гледишта – од своите „емоционални јанѕи“ и од „неослободените“ ставови – вклучително и од придржувањето кон крутите родови стилови, кон несоодветните романтични мечти, кон рестриктивната сексуална моралност, кон политичката конзервативност, кон божемната чедност и кон други малограѓански вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Ах, да! Па, сепак е поредок...“ , се согласи превосходството. Нема збор, ама ме утешија!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Па познато е, ваше превосходство, бидејќи овде нов поредок има„, му одговори советникот, „Зашто, ние, така да речам, сме мртви, ваше превосходство“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој немал зборови за тоа. Можел само да го стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дека кај оние двајца, за кои тој немаше зборови, веќе немаше што да се соочува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Томо немаше зборови. Душка ја бележеше секоја негова промена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Немаше зборови, само блажена насмевка која се дарува на некој што се чека.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе немаше зборови. Долгиот едноставно седна онаму каде што сметаше дека му е местото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Очигледно, во нивниот речник ги немаше зборовите „Буна“ и „ Бој“.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И тогаш, под хипноза на сонот, малите рудари станаа од сламата на која спиеја, но не ги зедоа копачите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Беше попусто да му се говори, видов, немаше збор за неговата преголема среќа...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Камилски се насмеа, но потоа, прифати со сериозен тон: Смеата настрана, но нема збор што би можел, подобро од оваа поговорка да го долови не само албанскиот туку и целиот балкански инает, создаван и пластен во времето на османското владеење во нашите земји!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Агонијата нема зборови. Допирот не сака да е сам.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Занемеа. Нема збор ниту проговор. Двајцата лежат наплеќи, ама сонот не ги фаќа.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
За неа нема зборови.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Бино даскалот немаше зборови да ја нафали по село, па дури со гордост ја извести училишната власт во Прилеп и владиката Глигорија во Битола дека кај него „прозирнило" и едно женско учениче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Немав зборови, ниту тогаш, ниту сега.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Алал ти вера! Досетлив си, нема збор! - восхитено го пофали Планински и му ја стегна раката да му честита.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ете, само толку. И се смее. Нема зборови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сетилата не се доволни за да ја примат сета таа нежност и не можете на овој момент на љубов да му дадете име, зошто е повеќе од еден момент, зошто е вечност која ќе трае и после мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога би зборувала за мојата комплицирана личност нема зборови кои ќе му дадат значење на тоа што го чувствувам, зошто ова е повеќе од чувство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
СТЕВО: Немам зборови. КЛАУС: Толку сте незадоволни?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)