нема (гл.) - живот (имн.)

Ја варираше оваа тема постојано: без работа нема живот; кога човекот не би работел, не би живеел; кога духот работи, срцето се одмора; и кога ѓаволот ќе ти почука на врата, продолжи да работиш; човек се заморува од с, но не и од работа...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ходници судбини тешки носат и трпат, а вистина нема, нема не, нема живот тука.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
- Прашуваш ли зошто?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Вака нема живот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таму нема живот, не се живее само од обработка на тутун“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Работа. Таа треба со нокти да се држи. Без неа нема живот, нема поминок за мајсторите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
После тоа само тишина, нема љубов, нема нежности, нема радост, нема пријатни денови, топли зими, нема живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И во стварноста која врата и да отворам е само копнеж по тие тажни очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Исцрпени се четирите елементи на постоењето – воздухот, водата, огнот и земјата и веќе нема живот на планетава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А над нив блеска големо око, позлатен жолток од џиновско јајце; удира дожд: веќе нема луѓе и нема живот, сонцето се гасне, утре ќе е парче прегорен јаглен во темница без волчи завивања и без љубовни воздишки во која заглибила лагата на верувањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Додека е вака за нас нема живот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Влакнестата пенушка се споулавува, - се возбуди Додо. – Ме растажува.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Едно по едно, полипските пипала се смирија. Во нив сега немаше живот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А и во нивните срца, во нивните души, одамна сè е замрено, уништено. Поцрнето. Нема живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мило чедо, кај ќе одиш - најди си ја твојата рода - и за сите носи абер - да отворат пат до таму - да сме со нив и со тебе - зашто веќе нема живот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тоа исто така го навредува и човечкото тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во него нема живот, животот е само во душата што човек ја има, за разлика од животните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Проклет да бидам, потоа веќе нема живот за човека, не постои никаков начин, тој мора да умре.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од него немаше живот!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вака никогаш не било. Да не можам да дишам, Да нема живот веќе.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Humbi shpresa, humbi jeta! (Без надеж, нема живот!)
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Избега Мирче, брат ми. - Овдека нема живот за мене, рече Мирче, ќе одам во Америка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноктите помодрени, никаде нема живот, запрена воденица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оти на земјава нема живот, нема ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Господ би знаел. Кога вчера се симнавме во другиот град Смит рече дека во изминатите десетина илјади години на Марс немало живот.“ „Замисли.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)