Па зар нашите души немаат вредност, зар може да бидеме толку мизерни!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Моите црни денови, моите бели ноќи ги проколнувам, ја немаат вредноста на еден џган и партал.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ги трошиме зборовите, ги трошиме моментите и забораваме да ги кажеме оние работи што ни се во срцето на оние што ги имаме најблиску до нас, до нашите души.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Препуштете се на ветрот на животот, едра нека бидат вашите раширени раце, спремни за секаков предизвик, бранови нека бидат желбите на душата, а брегови вашето срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но ти, еве, ми ги кажа вистинските зборови: Престани да проповедаш!“
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Имаше време кога мислев дека мојот живот би немал вредност доколку не го искористам за да ја извршам мисијата што ми ја довери Господ Исус: да им ја проповедам на луѓето Радосната Вест за Божјата милосрдна благонаклоност...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Човекот во ова време и невреме кога денот и ноќта немаат вредност ни тежина заборава и дека живее, толку многу брза за да зграби што може повеќе, а ја зграбува смртта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)