нема (гл.) - врати (имн.)

Малку офна и коските му крцнаа кога стана од Пиета и почна да си ги полни џеповите со зрна грав, да ја одбележи патеката на враќањето, оти секое заминување е бесмислено ако нема враќање.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И секој гледа да не се занесе по патот од којшто нема враќање.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сал гледам колку се убави девојките кои шетаат на кејот ВЕНЕЦИЈА ВЕНЕЦИЈА: ИСУС ВО ИСКИНАТ КОСТУМ Сетики Исус Христос си беше повторил во себе пред да киниса од Академијата во Фиренца: следбениците, како и соседите, не се избираат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Такви се времињата – секој си ја брка својата среќа.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сè како да беше едно трајно замирање од кое веќе нема враќање.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На екранот почнува да се врти шпицата со имиња, ја пуштаат мелодијата на емисијата „И радоста ќе засвети“: „И радоста ќе засвети, како да не била одамна впиена во мене И радоста ќе засвети, како да не чекала и страдала со други неповикани радости Ангелите се раѓаат за да им се искршат крилјата Ја насетуваш ли сласта на вознесот, веќе нема враќање Кон Млечниот пат!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оди си по патот што си го одбрала, јас ќе те следам ќе те пратам, јас друг пат одбрав од каде нема враќање, а ковертот ти го испратив, полн чувај го за спомен СПОМЕН ОД МИНАТОТО!...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Секогаш онаа под прашалникот, де на мрзнење, де на вриење, од која нема враќање, А pointless point - Јас сум само точка која го впива околниот простор.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но, Рада овојпат беше решила, нема враќање назад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, ете, сега сум тука и нема враќање.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега очајно нема враќање.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ама остави, нема враќање кога ќе ја промашиш станицата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Чиниш ме жалеа додека минуваа преку тумби по безпатие од кое нема враќање.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Колата со две тркала ја промени патеката на движењето.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За него веќе нема враќање назад.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И додека настојуваа што побргу да се вразуми терајќи го да го полни воздухот во собата со каење и ветување дека ќе се поправи, дека ќе се измени, дедо му Аврам држеше до своето дека детето треба да се пушти на мира, да расудува со свој ум, да гледа со своите очи; во секое доба од животот да мисли онака како што му наложува тоа доба, зашто нема враќање назад.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога во далечната 1943 година ноќе со еден стар семеен чун ја минавме границата која беше означена под Езерото, според легендите во кои верувавме во детството и чувана од еден змеј, границата меѓу родната земја и среќниот егзил на другиот брег, ние бевме осудени на клетвата дека нема враќање од егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во целиот преостанат дел од животот длабоко во мојата свест одекнуваше синтагмата - нема враќање од егзил, нема враќање од егзил, нема враќање од егзил!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За секој клуч постои некаква брава, но секоја брава си има своја историја...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но таа стравуваше книгите да не го испратат таму од кај што можело да нема враќање, како многумина, како што можеше да му се случи на Климент Камилски кога, сепак, се врати од Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пелтечав и неврзан на, веќе со зборови без значење и смисла, заспива, сонот е предворје на нешто од што нема враќање и каде што нема сеќавање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ние ќе те скршиме до степен од кој нема враќање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веќе нема враќање...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Убеден дека нема враќање од егзил, својата меланхо­лија ја смируваше во книгите, во таа среќна татковина на откриената тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како да го признаваше конечниот пораз, соочен со судбината дека нема враќање од егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако кога ќе пораснат тие, тргнуваат заедно на тој пат од кој нема враќање...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако заминеш, знај синко нема враќање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А јас знам оти веќе решив, и нема враќање назад, ми вели Босилка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во нашите животи научивме дека нема враќање од егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие успевате да откриете од макабричната повест во Атеистичкиот музеј дека татко ми запрен во Скопје, во својот неизвесен балкански егзил, всушност на свој начин, предупредуваше дека нема враќање од егзил во родната земја, за да ја признаам својата грешка пред неговиот гроб.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По многу години, сите во семејството бевме уверени дека нема враќање од егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)