нема (гл.) - волја (имн.)

Останав се раскрвавено лице, со раскрвавено срце. Кога стаса полицијата станав рамнодушен спрема сѐ и немав волја да објаснувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Двете добичиња, волот и кравата, се пикнале со главите под сенките, дремат и немаат волја за ништо: ниту јадат, ниту помрднуваат: гледаат сѐ во една иста точка пред себе до полудување.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Погледна накај Иван и Ивана седнати на подѕидокот, Ивана уште незакрепната од грипот, немаше волја ниту да зборува, на сите им беше необично дека молчи, подмижната во сончева светлина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Немав волја да одам долго низ гробиштата, ги гледав како мала бела шумичка, смрзната во мразот на смртната зима.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Немав волја да му одговорам и молчев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Што се однесува до неговите реакции таа навистина немаше волја да се впушта во разјаснувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Едо се чувствуваше потонат во неа како никогаш порано, но немаше волја за потребните живи движења на кои Германија го поттикнуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)