нема (гл.) - вода (имн.)

Иако во самата куќа немавме вода хигиената ни беше на високо ниво.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Ајде, не туку баботи! Ако не е снегот, ќе немаме вода ниту за пиење, а не за бериќетот во нивите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рафал: (влегува) Нема вода. (се чини дека никој не го слушнал) Велам дека нема вода. Сега ја укинаа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во сушни времиња луѓето го молат бога да потстече реката малку, да зачрчори, да донесе живот во бавчите и градините во горниот дел на селото каде што нема вода, и каде што во сушни врмиња кога сè гори од жега, носат вода од езерото во буриња натоварени на плеќи или на добиток за да ги повадат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Реков за бунарот. Беше мака, немаше вода блиску до црквата и стана муабет да се ископа бунар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нема вода!“, викнав кон него како да барам помош, држејќи се со едната рака цврсто за капакот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој застана, ме погледна, и самиот зина. „Нема вода?“ „Нема“, повторив јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа се чу тапо копнување. „Влажно е“, го слушнав како рече, „но ја нема водата“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Онаа нема вода во очите и се изнамирила... а онаа пак има, за в гроб ги чува.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Те натепав зашто нема вода со која ќе го измијам срамот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ништо не сакам и ништо не сум барал од тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога старата ги изусти овие зборови, калуѓерот потскокна од местото како со игла убоден, но се направи рамнодушен и го продолжи разговорот: – Зар немаат вода во тврдината?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Додека се дотапка до нашата маса и застана со нас седнати, Живко го надвика не само бувот туку и звучникот на таванот: - Кој вели дека Прилеп нема вода?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А реката Луда Мара што тече низ селото, секната, летно време немаше вода.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)