нема (гл.) - ветер (имн.)

Немаше ветер, ама она малку што имаше од возењето на чунот, ми носеше некој мирис од нејзината пудра или од не знам што, што си клаваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се провревме низ грмушките и поседнавме во круг, небаре сме Индијанци на договор.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Иако немаше ветер пламенчето трепереше. Го гледавме со позинати усти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не беше ниту пролет ниту лето, тоа беше време кога нема ветер и кога воздухот е опоен, кога пролетта незабележливо и благо поминува во лето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Ќе пушиме по една“, рече Љупчо; од кутијата извади една цигара, важно ја чкрапна запалката и уште поважно тргаше над пламенчето - цигарата да се запали.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)